„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Левица: Дрекселмајер не им исплаќа дневници на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Levica-logo

До нас стигна дојава од повеќе работници во странската инвестиција Дрекселмајер дека не им платена по една викенд-дневница од минатиот месец, на име „рецесија“.Тргнувајќи од фактот дека работниците не се сопственици на фабриката, тие немаат обврска да учествуваат во евентуалните загуби на фирмата, па оттука останува нејасно по кој основ им е намалена платата? Ако на 5.000 вработени им скратите по 1.000 денари од плата, тоа е противзаконски стекнат екстра-профит од околу 82.000 ЕУР за само еден месец, се вели во реакцијата до јавноста од „Левица“.   Тие додаваат:

— реклама —

Исто така, повеќе работници од Велес се пожалија дека им било кажано веќе да не доаѓаат на работа во блиска иднина, затоа што во општина Велес имало повеќе заразени отколку во Кавадарци. Левица јавно го повикува Државниот трудов инспекторат да ја провери вистинитоста на оваа анонимна пријава и да постапи согласно законските овластувања, а за исходот од постапката благовремено да ја извести јавноста, велат во соопштението од Левица.

Фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања