Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Левица го одржа својот прв Пленум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
levica-plenum

Левица го одржа својот прв Пленум. Делегатите на Пленумот ги усвоија веќе постоечките Статут, кратка агитациска програма и политичката платформа со измени и дополнувања. Овие официјални партиски документи во најкраток можен рок ќе бидат поставени на официјалната веб-страна на Левица.

На оваа седница од страна на Централниот Комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот. Една од најважните промени во Статутот на партијата е во делот на организациската структура, каде што е предвиден нов основен раководен орган – Претседател на партијата – како лице кое ја претставува и застапува партијата, избран од редовите на Президиумот. За прв претседател на партијата избран е Димитар Апасиев, правниот застапник на Левица.

— реклама —

— реклама —

„Одиме кон градење на хиерархиска централизирана партија со начело на демократски централизам, што е исто така новина за разлика од претходното фракционерско делување. Сметаме дека, поучени од искуствата кои ни се случуваа во сите овие години наназад, особено со т.н. пучеви и измислени внатрепартиски кризи, дека на овој начин ќе ја консолидираме партијата и дека на наредни избори Левица ќе стане парламентарна партија со сопствени сили, некоалицирајќи со никој од големите партии“, изјави за јавноста претседателот на партијата, Апасиев.

— реклама —

На овој Пленум, освен членовите на Президиумот имаше обраќања и на дел од Делегатите, како и на претставници на поканети левичарски партии од Баскија, Каталонија, Турција, Србија и Австрија. Тие во своите говори ја изразија поддршката за новоизбраното раководство и политичката насока и програма кон која се стреми Левица.

фото: Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања