Левица ја оспори двојазичноста на полициските униформи: Владата го омаловажува македонскиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
policija-policaec-35

Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата практично воведува двојазичност на униформите на полицијата, соопшти денеска портпаролот на Левица, Реџеп Исмаил.

— реклама —

– Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на Владтаа е во спротивност со Уставот, со други општи подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиицјата.

— реклама —

Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива поднесена до Уставниот суд.

— реклама —

Би сакал да нагласам дека ова е уште едно деградрање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет, практично Владата не само што го миноризира македонскиот јази и го деградира макеонскито идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик ки го става во подредена позиција, а тоа адиректно го нарушува македонскиот идентитет, истакна Исманил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања