Паркот во Чаир во кој се наоѓаа бистите и спомениците на македонските партизани и учесници во НОБ, пред извесно време беше преименуван во „Парк Украина“, а на овој чин присуствуваа градоначалникот Висар Ганиу и амбасадорката на Украина Лариса Дир.
Црвената Младина, подмладокот на „Левица“, објави дека некогашниот парк на народните херои го преименувал од „Украина“ во „АСНОМ“.
Веднаш потоа се јави и градоначалникот на Чаир, кој пак објави дека таблата е вандализирана, случајот е пријавен во полиција, додека сторителите на инцидентот не се познати.
„Општината Чаир и јас како нејзин претседавач најостро го осудуваме чинот на вандализирање на таблата со името Парк Украина што се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект. Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина, кој го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава. Предметниот случај веќе го пријавивме до органите на прогонот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна“, напиша Ганиу.
Паркот Украина, преименуван во Парк АСНОМ
Денеска Црвена младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на Народните херои кој беше именуван како Украина, го преименувавме во Парк АСНОМ, соопшти младината организирана во рамки на партијата Левица.„Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти, оставаме да судите вие. АСНОМ жвее! Ќе победиме“, велат од Црвена младина.
Македонија | пред 2 години