Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Левица: Јакимовски во обид шверцерски да се донесе ДУП за Влае 2 и да продолжи со бетонизација на Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

— реклама —

Пред само 3 месеци беше поништен регулацискиот план за овој дел од Влае, а општинската администрација повторно се обидува да го помине овој план пред јавноста, со минимални измени, велат од Левица.

— реклама —


— реклама —

„Одбиениот предлог беше оспорен поради повеќе штетни точки кои тој ги предвидуваше, како на пример станбен комплекс од 12 спрата наместо парк, верски објект на место на инклузивно детско игралиште, вцртување нова улица и паркинзи во деловите околу основно училиште и во просторот за зеленило, итн.


Во обид да избегне повторна блокада на овој предлог, односно да ја заобиколи вољата и интересите на жителите на Влае, Јакимовски дава минимален рок и остава само 5 дена за граѓаните да извршат увид и да поднесат забелешки до општината. Дополнително, овој пат анкетните листови се прифаќаат само во просториите на Општина Карпош, а не и во месната заедница во Влае, со што дополнително се комплицира целата постапка“, соопшти Левица.



Оттаму велат дека тие заедно со жителите на Влае и другите организации кои ја поддржуваат оваа битка ќе направат се за да се спречат „желбите за профит на инвеститорите да надвладеат над интересите на карпошани“.


Јавната презентација за јавноста ќе се одржи во бараките на Општина Карпош в четврток со почеток во 13:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања