Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Медиумската слобода е сведена на слобода да се поткупат медиумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

— реклама —

Свесни сме дека медиумската слобода во држава каде постои социјална беда и класна раслоеност во комбинација со корумпирана и криминална владејачка елита, единствено се исполнува во слобода да се поткупи медиум, слобода да се поткупи автор, слобода да се купи мислењето на јавноста и истото да се обликува во корист на владејачката класа, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Оттука, жал ни е што Цивил Медиа е во заложништво на човек како Џабир Дерала. Дерала, надвор од било каква медиумска етичност и одговорност, злоупотребувајќи го медиумскиот простор и финансиските капацитети на Цивил Медиа, тој ги користи за правење постојана црна кампања и ширење на лажни вести против Левица и нејзиното членство.

— реклама —

— реклама —

Впрочем, Дерала не е ниту комерцијален новинар, туку тој е НГО-аш и апологет на Власта. ПР-машинеријата на владејачката партија Дерала го користи како обичен инструмент во рацете на својата пропагандна машинерија, па како компензација за ваквите негови услуги, дури и му обезбедува бранител (адвокат) кој во исто време е и бранител на премиерот Заев. Во оваа прилика, јавно ги повикуваме ЗНМ да го оцени случајот, а Цивил Медиа и Уредувачкиот колегиум да се огради и заштити од тенденциите за оцрнување, злонамера и лажното клеветење во написите на нивниот главен уредник Дерала, се вели во соопштението од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања