Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Левица: Место да реформираат, најавените реформи се со цел до крај да го расформираат разнишаниот образовен систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

apasiev

Реформи во основното образование се повеќе од потребни; повеќе од очигледно е дека постојниот модел на образование е нефункционален и непродуктивен. Но, какви реформи очекуваат граѓаните, а што им се нуди со најавените реформи? Граѓаните очекуваат поквалитетно и помалку оптоварувачко образование, односно такво образование кое ќе им помогне на нивните деца да се оформат во личности подготвени да чекорат длабоко во дваесет и првиот век, држејќи чекор со остатокот од развиениот свет, а во склад со личните афинитети и квалитети, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Место тоа им се нудат инстант- реформи, кои како алиби и штит го користат изговорот дека се креирани според финскиот образовен модел. Не може да се спроведуваат реформи со градење Потемкинови села на хартија, без претходна сериозна евалуација на состојбите, можностите и потребите.

— реклама —

Каква е визијата за иднината на актуелната власт, судејќи според најавените реформи? Мачна и мрачна. Според нивната визија децата, т.е утрешните возрасни, треба да се дехуманизираат, да им се убие секој зрак индивидуалност и самосвест, да располагаат единствено со скудни и ограничени на практичната сфера на живеење знаења, да бидат, едноставно кажано, некој вид самоодржливи машини кои функционално ќе се впрегнат во исполнување на желбите и потребите на капиталистичкиот господар.

— реклама —

Покрај ова реформите докрај ја манифестираат намерата за бришење на националниот идентитет. Истата беше најавена со бришење на химната на Македонија од наставните програми по Музичко образование минатата година, за сега да се манифестира во целост преку исфрлање на предметот Историја и обезличување на историските содржини преку нивно сместување во рамки на Општествени науки.

Левица, како партија која над сè ги става човечките права и слободи на работниците никако не се согласуваме и со сите средства ќе се бориме против ваквото обезглавување на образованието. Нашата заложба е заложба за реформи, но не по мерка на капиталот, туку во функција на сеопфатен развој на личноста и индивидуалните афинитети и квалитети на секој поединец без оглед на материјалната положба. Образованието е човечко право и не смее да биде привилегија на повластен слој!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања