Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Министерот за образование Адеми повторно фатен во големо „владино прикривање”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Levica-logo

По избивањето на скандалот со сомнителниот докторат на советникот во Kабинетот на претседателот Пендаровски – доц. д-р Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје, Политичката партија Левица јавно го повикува Министерот за образование и наука – Арбер Адеми, кој и самиот е избран за доцент спротивно на законот, да ѝ објасни на македонската јавност зошто, и после измината една година од официјалното Известување Ип1 бр. 09-1626 (од 16.11.2018) на Државниот просветен инспекторат:

— реклама —

— реклама —

(1) не ја довршил започнатата постапка за одземање на докторатот и на стекнатото наставно-научно звање и свесно не донел решение одземање на дипломата на инволвираните лица во скандалот;

— реклама —

(2) не поднел кривична пријава против одговорното лице во високообразованата установа, односо не презел чекори за правно гонење на тогашниот декан проф. д-р Борче Давитковски – со што постапил спротивно на чл. 205 од Законот за високо образование (2018) и извршил груба злоупотреба на службената положба и овластување.

— реклама —

Воедно, го повикуваме инволвираното лице од Кабинетот на Претседателот, кој воедно е и син на еден проминентен професор-социјалдемократ и важи за дел од т.н. академско крило на владејачката СДСМ, да поднесене неотповиклива оставка на функцијата – Надворешен научен соработник за надворешна и внатрешна политика, со цел да овозможи независно окончување на постапката, без сомнеж за можни партиски влијанија и политички притисоци во текот на процесот, се вели во соопштението од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања