„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Левица: МНР ти остави на цедило македонските студенти во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Македонската дипломатија реди успеси на секој план. Хаосот кој владее во дипломатската мрежа на нашата држава, постојано ги става под ризик нашите државјани во странство, кои се оставени сами на себе без никаква поддршка од страна на дипломатските служби платени од јавни пари, а чија основна функција е да се грижат за нашите надвор, се вели во Реакцијата од Левица во врска со македонските студенти кои се оставени на цедило во Русија, поради непродолжени пасоши.

— реклама —

Во продолжение на истата од Левица додаваат:

Последен пример за ваквото недозволиво и неодговорно однесување е примерот со македонските студенти во Русија. И покрај уверувањата дека ќе им бидат обезбедени можности за продолжување на пасошите уште во јуни годинава, тоа не е сторено. Како резултат на ова, сега 20тина наши студенти престојуваат во Русија без здравствено осигурување на сред пандемија и под ризик да ги изгубат стипендиите.

— реклама —

При отсуство на агилност и поддршка од страна на МНР, повеќето од нив се приморани да се вратат и да ја изгубат школската година. Ова е само уште еден пример за неспособноста и незаинтересираноста на македонските институции да работат во служба на оние за кои постојат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања