Левица: Нашите пратеници нема да учествуваат во шверцувањето нови пратеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50250552858_c1667b3294_c

Денес, во Собранието на Република Македонија, владејачката коалиција на СДС+ДУИ, на очиглед на јавноста, прави противделовнички обид за верификација на мандатот на нови пратеници - спротивно на чл. 17 од Деловникот, стои во објавата од Левица.

— реклама —

Тие додаваат:

Според овој член, за да има верификација на нови мандати мора кумулативно да постојат два акта: 1. Извештај од ДИК; и 2. Предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (која не постои, односно сè уште не е основана)!?

— реклама —

Оваа „дива“ верификација која се случува во теков на денешниов ден се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „Извештај“ од непостоечката Верификациона комисија на чело со Јагода Шахпаска, која има истечен мандат, односно престана да постои по истекот на Конститутивната седница!

Бидејќи и покрај процедуралното укажување од страна на нашиот пратеник Димитар Апасиев - дека е правно невозможно без Комисија и без предлог да се продолжи со верификацијата - парламентарното мнозинство продолжи со овој илегален начин на работа, пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/a.642965336629978/642965356629976/?type=3

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања