Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Левица: Не може Уставот за функционерите да биде мајка, а за обичниот народ маќеа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
inicijativa-ustaven

Денес, Правниот сектор на Левица, до Уставниот суд на РМ поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на владината Одлука со која, за разлика од другите граѓани, им се дозволи на ФУНКЦИОНЕРИТЕ да може да патуваат во странство, а по нивното враќање да не мора да бидат спроведени во задолжителен државен карантин!?

Со претставката се бара поништување на оваа дискриминирачка одлука на Владата, како и изрекување времена мерка за стопирање на нејзиното извршување се до конечната одлука на Судот, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Сметаме дека со оваа контроверзна одлука, се повредува уставното начело на еднаквост на граѓаните, кое го гарантира и Европската конвенција за човекови права, како и низа други меѓународно-правни документи!

— реклама —

Спротивно на строгата изолација на потенцијално болните или заразени лица, кои со полициско-армиска придружба, се присилно спроведувани до државните карантини ширум Македонија, овие функционери со дипломатски пасош недозволиво и стереотипно институционално се фаворизираат и диференцираат како поеднакви и повредни од другите луѓе, со што се доведува во опасност и јавното здравје на населението.

— реклама —

Очекуваме Уставниот суд на РМ, слично како во случајот со намалувањето на функционерските плати и бенефиции, да поведе итна постапка и експресно да реагира во овој сензитивен случај, се вели во соопштението од Левица.

фото: Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања