„Новата Влада предводена од СДСМ противзаконски се обидува да изврши притисок врз нашите најистакнати членови!
Генералниот секретаријат на Владата, иако ненадлежен, испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се прегледа досието на членот на Президиумот, Димитар Апасиев, во однос на неговиот докторат на УКИМ и работниот однос на Универзитетот „Гоце Делчев". Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти.

Левица ги повикува институциите да реагираат на ова флагрантно кршење на законите од највисоките државни институции, за што ќе биде поднесено и соодветна претставка.
Нашата борба е идеолошки чиста и нема да ви поминат ваквите обиди за заплашување и реваншизам!“, велат од Левица.