Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица: Незаконски избркани 250 работници од Конфекција Стоби,властите го штитат газдата!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Levica-logo

Денес Левица поднесе пријава до Државниот инспекторат за труд против велешката конфекција Стоби, откако неколку работници алармираа до нас дека директорот Сашко Крстевски заштитен од сите институции спроведува невидено самоволие и закани спрема работниците. Двеста педесет работници ќе останат на улица без отпремнина, без здравствено осигурување и сите права кои законски им следуваат, додека трудовиот инспектор од Велес кој очигледно го штити газдата на конфекцијата, не успеал да утврди никакви прекршувања, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Работниците во Стоби со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници. Дополнително, газдата на конфекцијата Стоби ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен. За конечно, во период од 40 дена да бидат избркани 250 работници, со тоа што при бркањето им било кажано дека добиваат бланко лист кој има намена за обнова на договорот, а добиле спогодбени договори за отказ.

— реклама —

Дел од работниците кои сакаат да ги остварат своите законски права дури добиле и директни закани од газдата дека доколку некој се осмели да го тужи, ќе заврши лошо – затоа што се работи за локален моќник заштитен од сите досегашни власти! За ваквото насилничко однесување и тортура врз работниците ниту една институција нема преземено мерки, додека работниците кои се осмелиле да пријават до инспекторат подоцна биле изложени на дополнителни закани од газдата на конфекцијата!

— реклама —

Ваквата тортура и експлоатација врз работниците системски се врши од страна на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, кои целосно отуѓени од потребите на народот, се претворија во робовладетели врз сопствениот народ. И како такви ќе бидат казнети и елиминирани токму од својот народ, се вели во соопштението од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања