Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Левица објави повик за акција и донација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
levica

Драги соборци...

Во приказната на Животот, или дозволуваш да ти се случуваат работите или ТИ самиот правиш да се случуваат. Со Левица покажавме дека сме од вториот ков – троскот кој не можат да го искорнат! Покажавме дека стравот и безнадежноста се ништо во споредба со Храброста – оти таа е заразна и, кога еднаш ќе се појави, како незапирлива фурија, доаѓа по своето, напишаа на своојот ФБ профил од Левица. Тие додаваат:

Иднината зависи од она што го правиме сега. А она што доаѓа, е многу подобро од она што е поминато, бидејќи наместо да го предвидуваме – НИЕ заедно ќе го создадеме.

Во Левица сме обединети сите БОРЦИ против нефункционалниот и корумпиран систем, оти знаеме дека она што го погодува еден од нас, ги погодува сите. Како луѓе од народот, знаеме дека сѐ додека стравуваме за дом, прехрана, работа, здравје – сѐ додека сме желни за правда, ние не сме слободни и Борбата мора да продолжи.

Заедно дојдовме дотука. Им го пробивме системот. ЗАЕДНО продолжуваме уште посилно! Затоа, воскликот и ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираните пари на Левица во пропаднатата Еуростандард банка, без кои не можеме нормално да функционираме, за нас се само инспирација за акција.

— реклама —

Уште пред повеќе од една деценија, почнавме да градиме автентично политичко движење буквално од НУЛА, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Нам никогаш не ни е страв, пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина.

Левица никогаш нема да стане Партија која одработува за лоби групи кои ја купиле со нивните валкани пари. Затоа, Левица, консолидирана и посилна од било кога, се обраќа за политички ДОНАЦИИ кон сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани, нашите гласачи и поддржувачи – кон луѓето од кои црпи легитимитет и на кои им припаѓа.

— реклама —

Некои можеби ќе мислат дека ова е наивно, но не е! Туку доблесно. А ДОБЛЕСТА е клучот кој го менува светот. Ние не бараме луѓето да прават нешто што не можат, туку она што сакаат и што можат да го направат. Во Левица луѓето делуваат со љубов, посветеност и ентузијазам, поради тоа што веруваат дека подобар свет е можен. Поради тоа што сакаат да се дел од Движење во кое е ОК да бидеш добар, чесен и неподмитлив; повеќе да даваш, одошто да земаш; да бидеш искрен и пркослив, наместо поразен и апатичен.

Ние ги спасивме идеалите и принципите, со тоа што не се шитнавме. А ако се спасени ПРИНЦИПИТЕ – сè е спасено!

Ако го имаш чесниот народ со тебе – имаш сè, оти борбата не се само проблемите кои ги имаме, туку, првенствено, луѓето со кои ги решаваме.

— реклама —

Ако веруваш дека така треба, приклучи се и Ти кон нашата АКЦИЈА и биди дел од долгиот пат на Борбата која ни претстои.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/a.257980395128476/657630215163490/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања