Општина Аеродром со години ги третира сезонските работници како потрошна роба. Луѓе што секојдневно работат на терен, чистат, одржуваат и ја носат општината „на грб“, се оставени без основни услови за работа, велат од политичката партија Левица.
„Советникот Михајло Димовски, директно посочува дека е очигледно дека сезонските работници не носат никакви униформи додека работат, ниту пак имаат некаква дополнителна опрема. Наместо тоа, работат во фармерки и немаат никаква заштита кога временските услови се навистина сурови.
Тие немаат обезбедено работни одела, немаат сигурност и стабилност.
Наместо вработување на неопределено време, се држат на договори на дело, без права и без иднина.
Во општина која има милионски буџет, нема пари за достоинство на работниците, но има за сликање, маркетинг и празни проекти.
Трудот мора да се вреднува, а работниците да се почитуваат!
Аеродром не смее да биде општина на евтина работна сила и привремени решенија, туку општина со фер услови и сигурни работни места“, се вел иво соопштението.
Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР
t8T92XW-l1g
Левица обвинува за експлоатација на сезонски работници во општина Аеродром
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 1 седмица -
Скопје