Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица по затворската казна на Мијалков: Македонските затвори се само за бедните и сиромашните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
levica

Пред два дена беа изречени пресудите на случајот од СЈО “Титаник 2”, каде беа осудени бившиот директор на УБК Сашо Мијалков на 3 години затвор, лидерот на ДПА Мендух Тачи (3 години и 2 месеци), поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими (4 години и 6 месеци), и останатите членови на ДИК Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска (сите по 3 години затвор).

— реклама —

„Веќе навикнати на фарсичноста со случаевите на СЈО и длабоко навлезени во кампањата за претседателските избори, оправдан е сомнежот дека пресудите се само ефтин предизборен маркетинг. На сличен начин имаше пресуда и за бившиот премиер Никола Груевски, кој потоа “случајно” им побегна на властите и побара азил во Унгарија, за чие исценирано бегство се уште ниту една инстанца од власта не понела одговорност. Исто така, медиумите информираа и за луксузот кој во притвор го уживаше бизнисменот Орце Камчев, за потоа и тој “специјален” притвор експресно да биде укинат од Врховниот Суд. Сашо Мијалков веќе еднаш беше пуштен дома од притвор за случајот “Империја” и тоа по барање на самото СЈО.

— реклама —

Македонските затвори се само за бедните и сиромашните. За сиромашните граѓани, како несреќниот велешанец кој лежи 3 години затвор за украдени 150 ќебапи, додека за милионски проневери случаевите на СЈО или застаруваат или се изрекуваат само условни пресуди!

— реклама —

Се додека не се ослободиме од олигархискиот систем на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ кој судската власт, заедно со целата држава, ја држи во заложништво, правда нема да има. Потребно е враќање на криминално приватизираните претпријатија повторно во рацете на граѓаните и експропријација на македонската олигархија, за да се ослободи ова општество од стегите на крупниот капитал. Нема правда во едно општество додека нема економска правда“, соопштуваат од Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања