Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Левица поднесе барање да се стави на дневен ред Предлог-декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии како точка на дневен ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
apasiev

Политичката партија Левица преку своите пратеници – Димитар Апасиев и Борислав Крмов – поднесе официјално писмено барање до претседателот на Собранието Талат Џафери за ставање на Предлог-декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии како точка на дневен ред за наредната Дваесет и прва пленарна седница.

— реклама —

Ова пратеничко право, како што велат тие, им го дава чл. 14 од Законот за пратениците и чл. 69 од Деловникот на Собранието на РМ, кој предвидува дека секоја втора редовна седница претседателот е должен да стави точка на дневен ред по барање на парламентарната опозиција.

„Ова го бараме од причина што на деветнаесеттата седница беше ставен последниот предлог на опозицијата за измена на Изборниот законик (Алијанса, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ) од предлагачите Сурија Рушити и Никола Мицевски. На следната тековна двасетта седница не беше ставен никаков предлог на опозицијата, па оваа  дваесет и прва седница е следната на која опозицијата има право да предлага да се стави точка на дневен ред, а вие сте должен тоа да го сторите преку една, односно на секоја втора редовна седница согласно цитираниот член од Законот“, нагласено е во барањето.

— реклама —

Со оглед на итноста и актуелноста, од партијата велат дека очекуваат од спикерот Талат Џафери да си ја исполни оваа своја деловничка должност и веќе на следната планирана седница да се расправа за ова горливо прашање поврзано со нашиот национален идентитет.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања