Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Левица: Приватизацијата на ХЦ “Чебрен” е еднакво на национално предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Одлуката на Владата за грчка компанија да го добие стратешкиот проект Чебрен е поразителна и штетна за целокупата енергетска независност на Македонија. Локацијата која се дава на странски инвеститор е последната сериозна позиција за изградба на рентабилна хидроцентрала и истата е од суштинско значење за Електроенергетскиот систем на државата, реагираат од Левица.

— реклама —


„Во време на енергетска криза, отуѓување на секој потенцијал за државно производство на електрична енергија е дело против државноста и самостојноста на Македонија. Ваквата Одлука на Владата значи дека електричната енергија која ќе биде произведена во Македонија со домашни ресурси ние повторно ќе треба да ја купуваме на берза.

— реклама —


Оваа природна „батерија“ ќе го закрепне целокупниот систем, ќе го намали притисокот врз термоцентралите и ќе ги балансира вишоците од дневното производство на фотоволтиците. Заради овие причини овој капацитет мора да биде во 100% сопственост на Републиката, а не само 33%“, оценуваат од Левица.

— реклама —

Ваквата катастрофална енергетска политика, како што велат, каде бенефитот го има грчкиот капитал, е продолжување на политиките на Заев и Анѓушев. Потсетуваат дека „бившиот вицепремиер Кочо Анѓушев, ја продаде својата компанија ЕДС, формирана со капитал од 5 илјади евра, на државната грчка енергетска компанија за 4.8 милиони евра, под сомнителни околности, со оглед на тоа дека грчкото електростопанство во време на купродажбата беше во банкрот“.


Го поставуваат прашањето: чии интереси се штитат со приватизацијата на Чебрен од страна на грчка компанија.

— реклама —

„Владата на Ковачевски, во услови на енергетска криза, наместо да инвестира во енергетски капацитети, истата упорно ги распродава националните ресурси на странски компании, чиј профит ќе завршува во нивните стопанства. Ако ваквиот недржавнички чин на СДСМ се имплементира, дефинитивно ќе ја изгубиме и онака кревката енергетска стабилност, а со тоа и целокупната независност како држава“, се потенцира во соопштението на Левица.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања