Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Левица: СДСМ во Карпош постави нови стандарди на нетранспарентност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Levica-logo

— реклама —

Скапата пропаганда која ја води локалната власт предводена од Стефан Богоев претставува обид за прикривање на нетранспарентноста во работењето на општина Карпош. Нашиот советник Бранко Ристов постави повеќе прашања до општината за значајни локални проблеми, како постоењето на дефинирана стратегија за намалување на загаденоста на воздухот и извештај за работата на овластените инспектори за животна средина. Согласно деловникот за работа на општината, рокот за добивање одговор е десет дена. Со тоа што изминаа повеќе од два месеци од доставувањето на прашањата, јасно е дека локалната власт на СДСМ грубо ги крши општинските акти, особено кога состојбата со загаденоста на воздухот е алармантна и не смее да има ниту ден одолговлекување, а уште помалку изговори, се вели во Реакцијата на ЛО Карпош – Левица.

— реклама —

Дури и за време на криминалното владеење на Стевчо Јакимовски транспарентоста беше на повисоко ниво од сегашното, со оглед на тоа што седниците беа документирани и нивните снимки јавно се објавуваа. Новата локална власт, наместо да постави нови стандарди во информирањето и инволвираноста на жителите на општина Карпош, таа го укина јавното објавување на снимките.

— реклама —

Тотално нетранспарентен е и начинот на носење на програмите за работа на општината. Како акти од кои зависи визијата какво место за живеење ќе биде Карпош, отсутствува било какво учество од жителите, иако градоначалникот Богоев уште мината година најави дека поголемо внимание и вклученост ќе имаат граѓаните и организациите преку директно икорпорирање на нивни идеи и предлози.

— реклама —

Владеењето на СДСМ во општина Карпош претставува рефлексија од целокупното владеење на актуелната влада, проследено со непочитување на волјата на граѓаните, заштита на градежната мафија, приватизација на јавниот простор, екстремна загаденост на воздухот и немање никаква политичка визија и волја за остварување на основните потреби на своите жители, додаваат во Реакција на ЛО Карпош – Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања