Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Левица со Иницијатива до Уставен суд за „контроверзното именување на улици во Скопје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Денеска правниот тим на Левица поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за именување на улици, донесена од страна на Советот на Град Скопје на ден 30 март 2021 година.

— реклама —


„Оваа одлука донесена во времето на Петре Шилегов, освен што претставува популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од страна на албанското гласачко тело, претставува и директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади, поточно, ги навредува националните чувствата на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија“, велат од Левица.

— реклама —


„Улиците кои со што се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, кои што не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава.


Мотивот за поднесување на оваа иницијатива не од етнички карактер, напротив!

— реклама —

Македонската историја изобилува со Албанци кои што биле дел од антифашистичката борба и се бореле рамо до рамо со македонскиот народ и другите народи за независна и слободна македонска држава. Такви личности се Ибе Паликуќа, Кемал Аголи, Том Ник Ѓелај, Нафи Сулејмани, Шахи Мехмети, Мурат Бафтијари, Шаин Садику и многу други.


Левица како политичка партија која во своите редови има членови од сите етнички заедници, смета дека именувањето на улиците и другите објекти во Република Македонија, треба да биде по личности, кои што се дел од генезата на Република Македонија како слободна и независна држава и кои што се во духот на градење на соживот, базиран на зеднички антифашистички темели.

— реклама —

Од тие причини, се надеваме дека Уставниот суд ќе постапи по нашата Иницијатива и дека ќе постапи согласно Уставот и законите на РМ“, се додава во соопштението на Левица.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања