Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Левица: Стоп за експлоатацијата на водата од профитерите на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Levica-logo

Левица безрезервно ги поддржува жителите на селото Гари и најостро ја осудува одлуката на Министерството за Економија за доделување на концесија за експлоатација на питка вода во селото Гари.

Во време кога светот се соочува со недостаток на пивка вода, Владата на СДСМ ги продолжува практиките на ДПМНЕ и продолжува да ги распродава изворите на чиста вода и останатите природни богатства. Сето тоа на штета на жителите и иднината на земјата, но во корист на крупните профитери кои заедно со политичките платеници работат ја разграбуваат Македонија.

— реклама —

— реклама —

Бараме итно раскинување на договорот за концесија и враќање на изворите во владение на месното население. Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да го раскинат и договорот за екплоатација на вода од страна на “Мали Лошињ”, компанија која доби концесија за експлоатација на изворите за вода во близина на селото Гари. Левица се залага за национализација на водните ресурси како круцијални и стратешки ресурси и ставање на крај на досегашните практики за издавање на концесии за експлоатација на вода и други природни богатства, се вели во соопштението од „Левица“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања