Промени тема
Контакт

Левица тврди дека се води политички случај против нивни член, негираат дека го омаловажил Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Ivan-Jovanoski-Zoran-Zaev

Денес започна судењето против нашиот член на Централен Комитет, Иван Јованоски, кој при одбележувањето на 11 октомври на Могилата на непобедените, упати порака до поранешниот премиер Зоран Заев.

„Политичката партија Левица за одбрана на овој случај го ангажира адвокатот Драган Пешевски од канцеларијата „Пешевски и Тимовски”, а средствата кои ќе бидат исплатени на одбраната, адвокатот Пешевски во претходен договор со партијата, ќе ги донира на семејствата на неправедно осудените за тероризам во случајот со 27-ми април.

— реклама —

Дека се работи за уште еден политички монтиран случај против неистомислениците на власта, потврдува тоа што како подносител на барањето за поведување прекршочна постапка се јавува извесен полициски службеник Златко Николоски, кој не е оштетена странка во конкретниот случај.

Бидејќи Иван Јованоски се гони поради „омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата”, а како подносител на барањето за поведување постапка не се јавува поранешниот премиер, одбраната побара и судијката одобри на наредното рочиште како сведок да се јави лицето Зоран Заев.

— реклама —

На денешното рочиште, нашиот член Иван Јованоски, целосно ја отфрли вината за овој случај и потенцира дека зборовите во Записникот не се совпаѓаат со искажаното на конкретниот настан. Тој повтори дека поранешниот премиер, како наводна оштетена странка, не се јавува како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка и истиот малициозно ги користи органите на прогонот за чист политички реваншизам.

— реклама —

Ваквиот монтиран случај уште еднаш го потврдува владеењето преку хибриден режим на поранешниот премиер, кој не собра храброст ниту да се јави како подносител на Барањето за поведување постапка – туку истиот се крие позади непознати полициски службеници и ги злоупотребува државните органи заради свои лични пресметки со неистомисленици!“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања