Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица во одбрана на инспекторот Илиевски, а покренува постапка против инспекторот што го сокри скандалот на тетовскиот универзитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tetovo-drzaven-iniverzitet

Раководителот на Секторот за инспекциски надзор во високото образование при Државниот просветен инспекторат – Африм Саљиу, произволно и ретроактивно толкувајќи ги одредбите од Законот за високото образование (2018), скандалозно заклучил дека при унапредувањето на тројцата функционери од ДУИ: Арбер Адеми- актуелен Министер за образование и наука, Агим Нухиу – заменик-министер за внатрешни и Сафет Емрули – директор на Државниот завод за индустриска сопственост не само што не постоела никаква незаконитост, туку истите биле „во јавен интерес“, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Да потсетиме, овие тројца недопирливи функционери на вечниот коалиционен партнер ДУИ се противзаконски унапредени во повисоки наставно-научни звања додека вршеле јавни функции – што е спротивно на тогаш важечкиот Закон за високо образование, кој изрично предвидува „мирување на работниот однос“ додека се извршува функцијата!

— реклама —

Да биде иронијата поголема, главниот инспектор Саљиу кој го вршел нарачаниот вонреден инспекциски надзор има класичен судир на интереси во конкретниот случај кој ќе треба да ги испита Антикорупциската комисија – бидејќи неговата ќерка работи како асистент токму на Правниот факултет при ДУТ Тетово и истиот бил должен да се изземе од инспекцискиот надзор во конкретната институција! Со ова еклатантно е повреден Етичкиот кодекс на инспекторите, како и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

— реклама —

Нашиот правен тим ја комплетира потребната документација и во блиска иднина, против конкретниот инспектор, ќе покрене соодветни правни постапки за утврдување на неговата инволвираност во заташкување на целиот случај. Бараме и премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски веднаш да одговорат пред целокупната јавност за диригираниот мобинг врз инспекторот Ѓорѓи Илиевски, со цел да ги заштитат криминалите на коалицијата на власт, велат од Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања