Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Левица: Водата не е бизнис, гласај против приватизацијата на водата!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
levica-voda

Левица безусловно и безрезервно застанува против намерното уништување и приватизирање на дејностите од јавната сфера за остварување на приватни интереси и криминална злоупотреба! Ние сме против било каква форма на јавно-приватно партнерство, кое само преставува еуфемизам под кој се крие очигледната намера за приватизација, се вели во соопштението од Левица.

Изминатите децении, а особено последните години, јавно-приватното партнерство е омилена форма на криминалните власти за уште поголемо осиромашување на народот – преку отуѓување на народните добра и одливање на државни пари во приватни џебови.

— реклама —

— реклама —

Огромен дел од селата околу Дојран немаат функционална канализација и водовод и само пред неколку месеци голем дел од жителите на Дојран беа оставени цели 8 дена без вода за пиење! Огромниот долг на јавното комунално претпријатие не е вина на Дојранчани, туку е очигледна последица на системот на функционирање на картелот СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ, кои со децении ги користат јавните услуги само за партиски вработувања и коруптивни зделки. Не треба приватизација, туку ОДГОВОРНОСТ за сторените криминали! Најавените инвестиции од 8.1 милиони евра очигледно завршија во корумпираните структури на власта, а долгот на јавното претпријатие десеткратно ќе биде наплатен од веќе празните џебови на обичните граѓани.

— реклама —

Затоа, во пресрет на најавениот референдум Левица ги повикува жителите на Општина Дојран во недела, на 2 февруари масовно да излезат на референдумот и да гласаат ПРОТИВ плановите на општинската власт за постепено приватизирање на водените ресурси! Водата за пиење во Дојран не е приватна сопственост, ниту нечиј бизнис за остварување на профит. Таа е јавно добро и му припаѓа на народот и мора да остане во сопственост на народот. Се друго е скратување на основното човеково право – правото на чиста вода. Излези и гласај ПРОТИВ, се вели во соопштението од Левица.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања