Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Левица: Вонредниот инспекциски надзор по наша иницијатива покажа дека на одредени места се меша атмосферска вода со фекална отпадна вода во Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohridskoezeromart

Ја информираме јавноста дека денес добивме одговор од Инспекторатот за животна средина во врска со претходно поднесената Иницијатива од наша страна за вршење вонреден инспекциски надзор поради загадување и уништување на животната средина, преку испуштање фекалии од колекторскиот систем во Охридското Езеро,  се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Во одговорот се констатира дека на одредени места постои загадување на животната средина и Охридското Езеро преку мешање на атмосферска вода со фекална отпадна вода, која се влева директно во водите на езерото, а воедно се посочува и намалена функционалност на колекторскиот систем.

— реклама —

Оваа констатирана ситуација во одговорот од Инспекторатот е во спротивност со тврдењата на директорот на Јавното претпријатие, Владимир Алексијоски, поставен од локалната власт на СДСМ, кој тврдеше дека наводно контролата покажала дека нема излевање на фекалии во водите на езерото, ниту дека нема големи отстапувања од функционирањето на колекторскиот систем.

Констатираната ситуација ја разобличува и локалната изборната програма на власта, во која пред граѓаните се обврзуваа и ветуваа навремено чистење на каналите, санација и ревитализација на колекторскиот систем стар четири децении, со цел заштита на Охридското езеро кое е пред губење на Унеско-статусот, се вели во соопштението од Левица.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања