„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Левица: Забранете го членувањето во управните одбори, а не продавањето на тезга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pazar

Политичката партија Левица упати остра реакција по повод почетокот на примената на новиот Закон за трговија на зелените пазари предложен од владејачката коалиција на ДУИ и СДСМ.

— реклама —

„Ова е срамен, противуставен и скандалозен закон кој е насочен исклучиво против класните интереси на најсиромашниот слој од населението, кое се обидува да преживее заработувајќи скромен дополнителен приход продавајќи земјоделски производи на пазарџиските тезги.

Законот е крајно дискриминирачки затоа што забранува пензионери, социјалци, стечајци и хонорарци истовремено да можат да бидат и продавачи на пазар – токму оние на кои пензиите, социјалната помош или отпремнините кои ги добиваат им се толку мизерни што не можат да си ги покријат и најосновните трошоци за нормален живот и издржување на своето семејство.

— реклама —

Додека во државава не е спорно едни исти луѓе да бидат членови на повеќе управни или надзорни одбори, напикани од партиските комисии – овие сиромашни луѓе, кои чесно си го заработуваат парчето леб, по Нова година одеднаш ќе станат криминалци и ќе имаат правен третман на илегални трговци, само затоа што на владејачките буржоаски партии им текнало да ги штитат интересите на големите маркети и на т.н. Зелена мафија од Кванташки пазар“, велат од Левица.

Од партијата најавуваат дека ќе ги искористат сите правни и вонправни инструменти да го спречи влегувањето во сила на овој крајно штетен Закон.

„Јавно го повикуваме Министерството за економија – по итна постапка – до Собранието на РМ да предложи мораториум, т.е. одлагање на примената на овој закон за најмалку една година.

Паралелно со ова, го повикуваме и Уставниот суд на РМ, по службена должност, да донесе времена мерка за стопирање на примената на овој скандалозен закон, кој е насочен исклучиво кон најсиромашните слоеви од народот и го загрозува социјалниот карактер на Републиката. Доколку тоа не се случи, нашиот правен тим дополнително ќе поднесе иницијатива за оспорување на уставноста на Законот, со барање за негово укинување“, се наведува во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања