Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Левицата: Дијабетичарите селективно добија медицински средства, борбата продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


По актуализирањето на системските предизвици со кои се соочуваат дијабетичарите од страна на пратениците на Левицата преку предлог-законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој предвидува регулирање на правото на глукомери, системи за континуиран мониторинг на гликемија и инсулински пумпи за дијабетичарите, деновиве добиваме информации од дијабетичари дека селективно некои добиваат медицински средства, информираат од Левицата.

— реклама —

Дополнуваат дека на седницата на Собранието на Република Македонија за пратенички прашања, пратеникот на Левицата, Борислав Крмов, побара образложение од заменик-министерката Манолева за доцнењето на инсулинот и недостапноста на медицинските средства, на што таа неаргументирано негира дека не е достапен инсулин или системи за мониторимг на гликемија.

— реклама —

„Ова докажува дека политичкиот притисок на Левицата кон Министерството за здравство вроди со плод, но свесни сме дека ова не претставува системско решение, а лицата со дијабетес се во неизвесност дали ќе добијат медицински средства в година.

— реклама —

Затоа продолжуваме со нашата борба правата на лицата со дијабетес да бидат озаконети и обезбедувањето медицински средства да стане законска обврска на државата. Постојано ги мониторираме доцнењето на инсулинот во инсулинските аптеки во државата, цените на медицинските средства, кои може да се обезбедат од аптеките и состојбата на пациентите со дијабетес“, велат од оваа партија.


Ги охрабруваат, како што велат, сите што имаат забелешки за пристапот на Министерството за здравство кон системското справување со недостигот на медицинските средства и лекови да ги споделат своите информации со нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања