Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Левицата: Молк за скандалозниот оглас на „Бехтел и Енка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Резултатите на владеењето на предавничката СДС и сецесионистите од ДУИ се крајно погубни во однос на државата и општата добробит. Корпоративната диктатура, која ја официјализираа со европско знаменце за да му се дозволи на Артан Груби да се богати, додека американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ги експлоатира работниците со над 70 часа работа неделно, сега на вулгарен начин задира и во основните идентитетски обележја на државата – нарекувајќи го во оглас македонскиот јазик како „северномакедонски мајчин јазик“, реагираат од Левицата.

— реклама —

Според нив, Владата, која ја сочинуваат импотентните квислинзи од СДС и етнотрибалистичките сецесионисти од ДУИ, дозволува една корпорација да го надополнува проектот за редефинирање на државните идентитетски обележја.

— реклама —

„Во огласот за вработување за лице за работната позиција „водач за односи со јавноста“, од страна на контроверзниот американски конзорциум, „Бехтел и Енка“, јазикот наведен како официјален јазик на Република Македонија е тенденциозно наведен како „северномакедонски мајчин јазик“. Дополнително, во албанската верзија на истиот оглас македонскиот јазик е претставен како „мајчин јазик на Република Северна Македонија“, додека македонската верзија е последна, по англиската и албанската, што е флагрантно деградирање на македонскиот јазик“, се истакнува во соопштението на оваа партија.

— реклама —

Ваквата тендеција, како што велат, е директна последица на нелегитимниот преспански договор, за чии долгорочни последици Левицата алармира уште пред спроведувањето на неуспешниот референдум.


„Антимакедонската политика на предавничките СДС и ДУИ резултира со целосно редефинирање на антифаштичкиот македонски идентитет во натовски северномакедонски идентитет.


За ваквиот скандалозен оглас нема никаква реакција од страна на триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ, најверојатно за да не го навредат „стратешкиот партнер“, кој го спроведува проектот за Коридорот 8. Изостанува реакција и од провладините активисти и организации кои силно убедуваа дека македонскиот јазик е зацементиран“, потенцираат во реакцијата.


Левицата, додават од таму, во својата Ппрограма се залага за поништување на т.н. преспански договор со Грција и на криминалните илегални уставни амандмани прозлезени од него поради непочитување на правото на самоопределување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања