Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Лица во Косово пристигнати од Македонија сомнителните случаи на корона вирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
koronavirus

На Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово денеска се пријавени шест нови случаи за кои постои сомнеж дека е можно да се заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

— реклама —

Со ова, како што изјави денеска директорката на Клиниката, Лендита Ајвази-Бериша, бројката на моментално хоспитализирани, за кои има сомнеж дека се носители на смртоносниот вирус Ковид-19, изнесува вкупно осум лица во цело Косово.

Ајвази-Бериша кажа дека примероците од сите осуммина се дадени на анализа и резултатите ќе се знаат во наредните неколку часа. Таа порача дека во моментов сепак нема потреба од вознемиреност.

— реклама —

Порталот „Газета експрес“ дознава дека сомнителните случаи се дојдени во Косово од Македонија, Швајцарија и Англија, но нема информација дали се работи за косовски или за државјани на земјите од каде допатувале.

— реклама —

Во Косово досега се забележани неколку случаи на лица за кои постоеше сомнеж дека се заразени со смртоносниот вирус, но анализите кај сите од нив беа негативни, односно во земјата официјално и натаму нема ниту еден носител на вирусот.

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања