Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лицемерната СДС глуми спасител откако дозволи огромни поскапувања на основните производи, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
332873868_2544608945679557_2731176520530553714_n

Лицемерието на криминалната власт на СДС нема крај и додека безобразно ги крадат и се расфрлаат со парите на граѓаните, лажат дека се грижат за нивниот стандард, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Се што им се врти во главата е како да профитираат, па така за нив не важат прописите и во влада се набавува леб 30-100% поскап.

— реклама —

Зборуваат за цени од 33 денари, а Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Но да биде лицемерието на овие криминалци поголемо, белиот леб со продолжен рок кој што го плаќаат за 75,6 денари за 450 грама.

Доколку власта навистина мислеше на граѓаните ќе размислуваше за цените уште пред една година кога намерно дозволи основните производи да поскапат за 50, 100, а некои и за 150% и со тоа да се отвори спиралата на поскапување на се и сешто. Една година ги оставија граѓаните да плаќаат повисоки цени и тоа доволно говори дека токму СДС и ДУИ се на страната на профитерите, односно дека и самите се профитери.

— реклама —

СДС се единствената партија на власт која може да глуми спасител на криза која самата ја создаде и на инфлација од речиси 20% односно двојно повисока од таа во еврозоната.

— реклама —

Колку СДС се грижи за стандардот на граѓаните говори и фактот дека минималната кошничка за едно семејство стигна до неверојатни 51.000 денари, што значи едно семејство со две минимални плати не може да го преживее месецот, а не може да си ги плати ни сметките за струја која оваа власт ја поскапува трета година со ред.

Каква е грижата на СДС за граѓаните покажува и фактот дека има нови 13.000 сиромашни од кои 5.000 се деца.

— реклама —

Токму погрешните и лоши политики на СДС и ДУИ доведоа до поголема сиромаштија, огромен раст на цените на пазарот и лебна криза за прв пат во историјата на независна Македонија.

Затоа овие криминалци мора да си заминат за да може да запре осиромашувањето на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања