Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Лицето кое ја избоде својата девојка имал повеќе од 2 промили алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
noz-ubistvo-napad

Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа доцна по расправија од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.

— реклама —
— реклама —

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Припеп изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Обезбедени се и подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на телото на починатата. Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп ги презема сите дејствија за целосно расчистување на предметот.“, велат од обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања