Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Лидер: Владиката Тимотеј за „тој со брадата“: Не сме изземени ни пред Бога, ни пред луѓето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
timotej

Не сум во контакт со струмичкиот владика и не сум во тек со тоа што велите дека го пишувал новинарот Бранко Героски, вели за Лидер портпаролот на МПЦ-ОА, владиката дебарско-кичевски Тимотеј. 

— реклама —

Лидер го праша владиката Тимотеј, што ќе преземе МПЦ-ОА доколку се докажат како точни сомневањата, што ги изнесе новинарот Бранко Героски во врска со случајот познат во јавноста како „Рекет 2“. Героски вчера во текст за Плусинфо пишуваше дека засегнатата странка од аферата го посочила и идентитетот на „човекот со брада“ изјавувајќи дека станува збор за влијателно свештено лице, кое често може да се види во високи кругови на естаблишментот.

Иако Героски не го именуваше, многумина во споменатиот „човек со брада“ препознаа дека се работи за еден владика од истокот на Македонија, кој, наводно, бил близок пријател на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

— реклама —

– Секој граѓанин е еднаков пред законите и до сега имавме примери како им беа одземани мандати и на пратеници. Ние како свештени лица не сме заштитени ни пред Бога, ни пред луѓето, а и законите не велат дека сме изземени од била каква кривична одговорност, вели за Лидер владиката Тимотеј.

Случајот „Рекет 2“ се уште тапка во место, иако поранешната сопственичка на „Диамед“ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и Зоран Милески.

Извор: Лидер

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања