Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Лидерите на Западен Балкан: Инклузивноста и добрососедските односи донесоа повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
21122019_PVRSM_Zaev_raboten_sostanok_Tirana1

Третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана, започна со работниот дел на кој претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателите на Црна Гора и Србија Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ го разгледаа напредокот на спроведување на четирите слободи во регионот, утврдени на претходните два состанока во Охрид и Нови Сад.

— реклама —

Духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа овој процес донесе  повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот.

Трагедијата предизвикана од земјотресот во Драч поттикна взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот, и во таа насока во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите од Западен Балкан  ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка на дирекциите за заштита и спасување.

— реклама —

Со поттик од иницијативата за соработка во регионот, завршија преговорите меѓу Република Србија и Северна Македонија и наскоро ќе започне градбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, до следниот состанок на оваа иницијатива во Белград, царинските дирекции на Северна Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.

Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да станата – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување, и како придонес за остварување на оваа постапка ќе биде и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки.

Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори, и унифицирањето на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот.

Лидерите на земјите учеснички и на оваа средба го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите 6 земји во регионот.

На состанокот во Тирана лидерите од Западен Балкан позитивно го оценија охрабрувањето на Европската Комисија, на политичките и финансиските институции на ЕУ, на Регионалниот совет за соработка, како и на Светската Банка, и другите приврзаници на европската перспектива на регионот за поддршката во спроведувањето на иницијативите што произлегоа од овој процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања