Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лидерот на Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
thumbnail_levica3

„Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Таткото на македонската нација - Гоце Делчев, официјална делегација на Левица, предводена од претседателот проф. Димитар Апасиев, за прв пат во политичката историја на независна Македонија, го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење. Во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев, делегацијата составена од членови на ЦК на Левица оддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа пригодна беседа, во знак на незаборав и непокор на македонската кауза“ соопштија од опозициската Левица.

„Нема родендени со премолчени места на раѓање!

— реклама —

Нема родендени со наведнати глави!

— реклама —

Нема родендени со страв од името на Славеникот!

— реклама —

И досега можеа да дојдат овде Учителе, во твоето родно место, во Кукуш – градот на Делчев и на Влахов, ама се плашеа од твојот прекор, оти си ги продадоа душите, ја запустија земјата и се одрекоа од себе си“ - стои меѓудругото во партиското соопштение.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека „Македонија денес е оваа нова освестена генерација предводена од Левица, составена од млади и борбени луѓе, кои на Твојот роденден во Твојот роден Кукуш го носи крикот на обесправените, понижените и негираните! Ама, го носиме и заветот кој извира од утробата на Македонија – дека не е доцна да се исправиме и да си ја сетиме силата“.

„Додека националните изроди коленичат пред амбасадите во Скопје, ние – здружени во Левица – го следиме Твојот пат! Одлучно тргнавме по патеката на правдата, националното достоинство и надежта на обесправените – пат кој единствено води до светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тргнавме лево, почитувајќи ја народната волја, и стигнавме до колевката на Македонското револуционерно движење. Среќен ти роденден, Учителе!“ порачуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања