Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Лидершип самит - Најголемите експерти од проектниот менаџмент доаѓаат во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slika1

Остануваат уште неколку дена до отпочнување на првиот балкански проектен лидершип самит на којшто ќе присуствуваат лидери од компаниите, и лица коишто аспирираат тоа да постанат. Ова ќе биде ексклузивна можност за првпат во Македонија да го слушнеме и членот на Бордот на ПМИ г-дин Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, којшто ќе ни збори за Вредноста на Проектниот Менаџмент во една компанија.

Војтек Чизевски ќе ни говори за проектен лидершип и лекции коишто се научени водејќи луѓе од различни култури, Милан Шмигич ќе биде модератор на настанот, и ќе одржи работилница на тема Jung at heart – what’s your personality colour?

— реклама —

Барбара Брегар-Мрзликар долгогодишен лидер во ЦЕЕД Словенија ќе зборува на тема : Why is leading hard & how to become better leader, а регионалниот ментор од ПМИ Ката Догару ќе има интересно излагање на тема: Servant Leadership.

— реклама —

— реклама —

Особено интересно за сите ќе биде и работилницата за Lean Management во организација на Александар Илоски од MQS Macedonia и Коста Петров од Moonsun. Како најмлад огранок на ПМИ на балканот, локалниот огранок на ПМИ Македонија ја доби таа чест да го организира првиот балкански проектен лидершип самит, во организацијата на самитот имаме целосна поддршка од ПМИ ограноците од балканот, коишто функционираат на овие простори повеќе од 15 години.

Project Management Institute® (PMI®) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600,000 сертифицирани експерти и 450,000 членови во повеќе од 200 земји. ПМИ огранокот во Северна Македонија е локалниот огранок на овој институт и има за цел да ја промовира важноста на улогата на проект менаџерите во водењето и обезбедувањето на резултатите и континуирано подобрување во фирмите со овогодинешните теми на “Project Leadership Summit”.

Настанот ќе биде одржан на 29-30.06.2019 во хотел “Инекс Горица” во Охрид и се очекува да присуствуваат околу 100 гости од земјата и од странство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања