Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Лидерска: Мицкоски со низа барања од Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-mickoski

На вечерашната лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, според извори на Алсат од опозициската партија, ќе се отворат три теми. Првата е фер и кредибилни претседателски избори. Ќе се бара од власта да престане со вработувањата пред изборите, но и на отпуштањата и заплашувањата во јавната администрација. Исто така ќе се бара да се сопре распределбата на државното земјоделско земјиште кое е во тек. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ако на денот на изборите се забележи и најмало полнење на кутии, како што се случило на референдумот, тогаш истиот ден ќе излезат со повик за бојкот и непризнавање на изборите.

— реклама —

Втората точка која се најавува дека ќе ја отвори Мицкоски е реформските закони. Главна точка ќе бидат реформиоте во тајните служби кои се во тек. Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека постојните законски решенија овозможуваат се уште да има можност за неовластено следење и прислушкивање на граѓаните од страна на новите безбедносни агенции. Затоа ќе се инснситра на решенија со кои би се оневозможило ова.

Третата точка е судбината на Специјалното јавно обвинителство. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека до септември има доволно време, работни групи на власта и на опозицијата да го најадат најоптималното решение за функционирање на СЈО. Според ВМРО ДПМНЕ нема пречки ова обвинителство да стане дел од редовното обвинителство, но главен услов е промена на сегашните персонални решенија. Од ВМРО ДПМНЕ не ја отфрлаат можноста за специјален јавен обвинител од странство, кој не би истражувал корупција кај политичарите само во иднина, туку би отварал случаи за сите сомнежи за вмешаност на политичари во поранешни случаи. Ќе се предложи СЈО да може да отвара случаи кои не се расветлени и повеќе децении, како со штедилницата ТАТ и ред други.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања