„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Лидерска средба кај Пендаровски утре во 13 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto_PRSM-Pendarovski

Утре со почеток во 13 часот во кабинетот на претседателот ќе се одржи најавената лидерската средба. На оваа средба треба да се дефинира и датумот за парламентарните избори.

— реклама —

На средбата ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

Согласно тоа, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, поканети се претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

— реклама —

На средбата се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски, информираат од кабинетот на Пендаровски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања