„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Лидија Димова разрешена од директор во Националната агенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lidija-dimova

Лидија Димова е разрешена од директорското место во Националата агенција за европски програми и мобилност, дознава „А1он“. Седницата на Управниот одбор почна доцна попладнево, кога е донесена и одлуката. Разрешувањето следува откако вчера беше поднесена и кривична пријава од Финансиската полиција за повеќе дела против Димова. Едно од делата е и злоупотреба на европски фондови. Обвинителството отвори истрага и даде предлог за одземање на пасошите на тројца осомничени, меѓу кои Димова. Според извори на „А1он“, токму ова е основ за одлуката на Управниот одбор.

— реклама —

Според Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, директорот може да биде разрешен и пред истекот на мандатот за којшто е избран, ако се утврдат сериозни неправилности во неговото материјално-финансиско работење поради што е нанесена штета на Националната агенција.

Препораката за разрешување на директорката Лидија Димова ја даде Владата по претходно прифаќање на предлогот од страна на премиерот Зоран Заев.

— реклама —

Текстот во целост на:  „А1он“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања