„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лифтовите во 8 ми септември се расипани - роднини и вработени пациентите ги качуваат на грб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
8-mi-septemvri

И пациенти и вработени во Градската општа болница „8 Септември“ се жалат дека немаат како да ги качат за прегледи изнемоштените и повозрасните на погорните катови оти лифтовите во поликлиничкиот дел се расипани. Вработени во болницата велат дека и други лифтови се расипани, но лифтот во поликлиничкиот дел е оној што најмногу го користат пациентите дојдени на преглед. Оставени се сами да се снајдат како да се качат кога ќе ги упатат на погорните катови, а речиси и да нема некој што не бил упатен барем во лабораторијата која е на првиот кат, објави А1ОН.

— реклама —

„Има некои што ќе успеат да начекаат количка за ги качат повозрасните кои ем болни ем изнемоштени доаѓаат на прегледи. Ги седнуваат во количка па бараат помош за на раце да ја качат количката по скалите. Оние кои нема да најдат количка, на грб ги качуваат, нозете на болните им се влечат по скалите, сликата е ужасна “, вели скопјанка која отишла на преглед во „8 Септември“ и била сведок на мачното качување на пациентите на погорните катови.

Директорот на болницата, Христијан Костов, вели дека последниот дефект на лифтовите во поликлиниката е од оваа недела. Едниот го поправиле и веќе го пуштиле во употреба, а на поправка на другиот се работи .

— реклама —

Текстот во целост на:  А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања