„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ликовна изложба на жени сликарки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zenski_slikari_0308202003

Во рамките на одбележувањето на јубилејот,25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“ , вечерва во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена ликовна изложба на жени сликарки од Охрид. На свеченото отворање на изложбата се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.

— реклама —

– Со поставувањето на оваа традиционална ликовна изложба, која се организира по повод одбележувањето на 25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“, на специфичен начин заеднички го одбележуваме 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. Ја одбележуваме 25 годишнината на здружението „ Бисера“ со пораката дека ваквиот сестран активизам на жените во иднина ќе се унапредува и  продлабочува во сите сфери на општественото живеење.

Убаво е чуството да бидеш опкружен со овие дела на охридските жени сликарки, да бидеш дел од овој спектар на бои и уметнички потези и амбиент  полн со сензибилитет кој зрачи со позитивна енергија. Во секоја од овие слики се крие индивидуалност, но сите заедно имаат универзални пораки и уметнички вредности.

— реклама —

Оваа изложба на ликовни дела на жени сликарки од Охрид ни покажува дека жените можат да бидат успешни и како сликари, мајки, сопруги, успешни во бизнисот и во политиката. Нема област во која жените преку постојан  активизам не даваат сопствен печат на општествените текови. Тоа е процес на  општествена еманципација и родова еднаквост, која придонесува за хармонизирање на противречностите и решавање на конфликтите.

Локалната самоуправа има континуирана поддршка на женските организации и ги следи актуелните трендови за унапредување на родовата еднаквост.Неодамна донесовме стратегија за родова еднаквост во која се инкорпорирани искуства од најразвиените демократски општества со план на активности кои се во рамките на нашите надлежности– рече претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.

На отварањето на изложбата беа упатени честитки до Жанскиот центар „ Бисера“  по повод прославата на јубилејот, 25 години од основањето, со искрена желба дека ќе продолжат да ги зголемуваат нивните активности и бројот на нивните следбеници.

Фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања