„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лимани: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на предучилишното воспитание и образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
FB_IMG_1730113071926

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. Оваа иницијатива, финансирана од Европската Унија, целеше кон подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа.

— реклама —

Поздравни обраќања покрај министерот Лимани имаа и Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г-дин Штефан Худолин и директорот на проектот, Џузепе Москети.

Во своето обраќање до присутните министерот Лимани посочи дека, Министерството за социјална политика, демографија и млади интензивно работи на јакнење на капацитетите на предучилишното образование, воспитание и грижа со цел подигнување на квaлитетот на услугите во оваа дејност.

— реклама —

„Силно веруваме дека вложувањето во учењето и развојот на децата уште од најмала возраст е клучно за развојот и напредокот на општеството. Како отворен, динамичен и развоен процес, воспитанието, образованието и грижата за секое дете во детските градинки подлежи на промени кои обезбедуваат модернизација и напредок на системско ниво“, посочи Лимани.

Тој информираше дека, во изминатиот период во детските градинки се реализираа разновидни форми на професионално усовршување на вработените. Како и дека модернизацијата на професионалниот развој и негово системско поставување има цел да обезбеди унифициран пристап кој ќе носи позитивни ефекти во работата на сите стручни профили но и на детската градинка како институција.

„Министерството за социјална политика, демографија и млади, подолг временски период го спроведува процесот на лиценцирање и обнова на лиценца на сите стручни лица. Овој процес има големо значење во дејноста и токму затоа искуствата покажуваат дека постои потреба од ревидирање на постојниот модел со цел негово развивање и подобрување“, истакна Лимани.

Тој посочи дека дел од услугите кои детските градинки ги нудат, се однесуваат и на соработката со родителите, а министерство ги вклучува сите, и родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени.

Голема поддршка за овие прашања, порача Лимани се активностите на рамки на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“ финансиран од Европската Унија во рамките на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од Акциската програма на ИПА 2017.

Главна цел на овој проект е подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа, што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

paridenari1

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Македонија | пред 11 месец

k15

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Македонија | пред 1 година

slika-3-un

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Македонија | пред 1 година

limani

Лимани: Со Договорите за соработка се овозможува бесплатен престој и згрижување на околу 350 деца Роми во детските градинки

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања