„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лимани: Заложбите за поголема интеграција на Ромите во општеството, да ги преточиме во дела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fatmir-limani-2

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани присуствуваше на презентацијата на Извештајот за состојбата со напредокот во инклузијата на Ромите во Република Северна Македонија.

— реклама —

На настанот кој беше во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, покрај министерот Лимани се обратија и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килијан Вал и министерот без ресор задолжен за инклузија на Ромите, Шабан Салиу.

Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани, истакна дека, почитувањето на човековите права и слободи е темел на демократијата, а во таа насока најголема одговорност за нивното почитување ја имаат оние кои носат одлуки, кои го создаваат јавното мислење, но и невладиниот сектор како партнер кој е мост меѓу граѓаните и институциите.

— реклама —

„Република Северна Македонија во регионот, па и пошироко стана пример за земја со традиционално меѓуетничка и меѓурелигиска толеранција и земја во која се почитуваат разликите. Тоа го постигнавме преку политики кои обезбедуваат еднаков степен на вклученост и интеграција на сите етнички заедници,“ посочи Лимани.

Тој истакна дека Ромите играат важна улога во изградбата на инклузивна Европа, како и дека Европската платформа за вклучување на Ромите, започната во 2008 година, има за цел да поттикне соработка и размена на искуства за успешно вклучување на Ромите во политики и практики помеѓу земјите членки на ЕУ, меѓународните организации и ромските претставници на граѓанското општество.

„Големо влијание и удел во постигнувањето на интеграцијата на Ромите има и Европската платформа против сиромаштијата и социјалната исклученост - Стратегијата наречена Европа 2020. Во неа е зацртано извлекувањето на најмалку 20 милиони луѓе од сиромаштија и социјална исклученост во следната декада,“ рече Лимани.

Тој се осврна на тоа дека како држава имаме усвоено две национални стратегии за Роми, 2005-2015 и 2016-2020, како и дека во 2022 година е започната новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022–2030, која е дел од стратегиите за вклучување на сите етнички заедници.

„Активно работиме на создавање програми за вработување, здравство, образование, домување и обезбедување на лични документи за ромската заедница,“ порача Лимани.

Дел од заклучоците од презентацијата на Извештајот се дека голем најголем напредок е направен во однос на образованието, како и во обезбедувањето на трајно решение на граѓанскиот статус на Ромите што не се евидентирани во матичните книги во државата, преку носење на законски решенија. Додека пак треба сеуште да се работи на подобрување на состојбата за отстранување на стереотипите и предрасудите кон Ромите во сите сегменти на општествено – економско живеење во Северна Македонија. Како најгорллив предизвик е посочено обезбедувањето на здравствената заштита и осигурување на Ромите, ниско ниво на застапеност на Ромите во јавниот сервис и развојот на културата на истите и несразмерно учество на Ромите во општествено -политичкиот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

paridenari1

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Македонија | пред 11 месец

k15

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Македонија | пред 1 година

slika-3-un

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Македонија | пред 1 година

limani

Лимани: Со Договорите за соработка се овозможува бесплатен престој и згрижување на околу 350 деца Роми во детските градинки

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања