Промени тема
Контакт

Линеарното зголемување на платите кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, вел Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Marija-Miteva-20.06.2022

Пратениците на СДСМ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2806 денари. СДСМ им го отежна животот на десетици илјади семејства, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Линеарното зголемување на платите кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, која не ја почитуваат, а произлегува од Законот за зголемување на минималната плата, кое само по себе бара линеарно усогласување на сите плати.

— реклама —

Ова се истите пратеници кои изгласаа буџет од скоро 4.5 милијарди евра, а во изминативе 5 години изгласаа буџети од вкупно 20 милијарди евра.

— реклама —

Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за набавка на златен прибор за јадење за потребите на Ковачевски од околу 40.000 евра.

Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за грантот на Заев, кој е во висина од 1.4 милиони евра.

— реклама —

Ова се пратениците кои гласаа буџети, од кои се одвојуваа милиони за тендери во РЕК Битола, пари од кои се полнеа џебовите на луѓето блиски до власта.

— реклама —

Овие 64 пратеници предводени од СДСМ се пратениците кои ќе останат запаметени како пратениците кои го овозможија луксузот на власта и одобруваа пари за тендерите на Заев и Ковачевски, а не сакаа да одобрат пари за работниците во јавниот сектор, од кои многумина со таа една плата издржуваат цело семејство.

И уште еднаш потенцираме. Пари за работниците има, само власта на СДСМ мора да престане да краде. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со работниците и народот, и по промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ работниците и народот ќе бидат на прво место“; додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања