Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Лишени од слобода три лица, при претрес во нивните домови најдена дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, во насока на спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога спроведе низа активности со цел справување со овој вид на криминал.

Имено, на 14.11.2019 во 11.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговијасо дрога и оружје при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, изврши претрес во домот на Е.М.(39) во с.Побожје.  При претресот била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 13.00 часот полициските службеници го лишиле од слобода Ф.Д.(38) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во с.Волково, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со црна течност, порцелански сад и скалпел со остатоци од марихуана.

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговијасо дрога и оружје при СВР Скопје во 16.00 часот, ја лишиле од слобода Е.М.(32) од Кавадарци, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја и 25.300 денари.

На 14.11.2019 во 21.30 часот полициските службеници го лишиле од слобода и М.Ѓ.(47) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и една вага со остатоци од прашкаста материја.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против сите овие сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Активностите на МВР во борбата против недозволената трговија со дрога, продолжуваат, со засилен интензитет и зајакнати мерки.

— реклама —

 

 

 

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања