Промени тема
Контакт

Лихвобанкарите се недопирливи и во најголемата економска криза, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pari-zaem

Во Македонија, најпрофитабилни во 2021 година се Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, и тоа не само што се водечки меѓу банките, туку и меѓу акционерските друштва кои што котираат на Македонската берза, вели Левица

— реклама —

„Споредено со 2020 година, банките одлично се опоравуваат од пандемијата, а профитабилноста во 2021 година е зголемена за повеќе од 20%. Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се повисоки во 2021 година околу 18,5%.

— реклама —

Приходите од провизии и надоместоци имаат значајно учество во вкупниот приход и истите се движат околу 28%. При тоа, високата добивка во овие три банки е остварена со задржување на нивото на приходи од камати речиси на исто ниво во споредба со претходната година. Приходите од провизии се зголемени како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и од трансакциски сметки.

И покрај тоа што во пандемиската 2020-та година, граѓаните масовно почнаа да користат електронско банкарство, приходите за провизии се многу повисоки во 2021-ва, што не кореспондира со начинот на плаќање. Граѓаните сè повеќе ги плаќаат сметките преку веб страниците на компаниите чии услуги ги користат, а овој начин на плаќање не генерира трошоци за провизија.

— реклама —

Левица ќе предложи законско решение за намалување на провизиите и надоместоците и нивно ограничување, со што овие навидум „безначајни“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните.

— реклама —

Апелираме и останатите парламентарни партии да го поддржат предлогот на Левица и за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања