Промени тема
Контакт

Љубчо Георгиевски: Македонскиот јазик откако ќе биде дијалект на бугарскиот јазик, да биде прогласен и за официјален

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
media-library4bt49oa1ahj7cX7kavA
ФБ

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше на иницијативата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, според која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот, оценувајќи дека тоа може да биде основа во следна фаза македонскиот да биде прогласен за официјален јазик во Бугарија.

„Пратеникот Костадинов дал иницијатива со која во бугарската правна рамка македонскиот јазик би се третирал како дијалект на бугарскиот јазик“, напиша Георгиевски.

Тој иницијативата ја коментираше со предлог за спротивен следен чекор.

„Ова е добра основа во втора фаза да биде прогласен и за официјален во Бугарија“, порача Георгиевски.

— реклама —

Во објавата, поранешниот премиер се осврна и на историскиот процес на стандардизација на бугарскиот јазик.

— реклама —

„На тој начин ќе се исправи краткогледоста од пред 150 години кога дијалектите од северноисточното ќоше на бугарскиот јазичен простор беа прогласени за официјални“, напиша Георгиевски.

Станува збор за став на Георгиевски објавен на социјалните мрежи, како реакција на иницијативата што, според него, ја поднел Костадинов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ljubco

Георгиевски: Името Македонец, македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература

Коментари | пред 3 месеци

— реклама —
media-library4bt49oa1ahj7cX7kavA

Пофалби за западниот сосед и критики за источниот сосед, оценки од Љубчо Георгиевски: Албанија блеска со инфраструктура, а Бугарија три децении тапка во место

Македонија | пред 10 месеци

MixCollage-25-Jul-2025-11-05-AM-4757

Љупчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град“, ВМРО НП самостојно оди на локални избори

Македонија | пред 1 година

ljubco

„Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле 'најдоцна до 2030'!?! Инаку сега сме 2024“, реагира Георгиевски на изјавата на бугарската министерка

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања