Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Љубе Бошковски против двојазичните униформи на полицијата: Една држава - една униформа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
ljube-boskovski-2

„Една држава - една униформа. Обединети за Македонија е крајно изненадена од прекршувањето на Уставот на Република Северна Македонија со новата одлука за двојазични униформи во Град Скопје. Концептот за едно општество за сите се руши со вакви поделби. Ваквите одлуки може само да го разделат нашиот народ“, пишува ексминистерот за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Тој додава:

„Одлуката за двојазични униформи е противуставна. Сево ова се донесе без да бидат консултирани сите коалициони партнери, другите политички партии и без да се развие поширока дебата во јавноста.

Со вакво дејствие само се задоволуваат ниските страсти на мала група националисти по етничка основа, а се руши државниот патриотизам и почитта кон државата, која е матична држава на сите кои живеат во неа.

— реклама —

Дали треба да дојдеме до момент да ги изнапишеме униформите на 20+ јазици и народот да не може да се разбере меѓу себе?

— реклама —

Со ова, во иднина ќе дојдеме до момент некои групи да не го познаваат македонскиот јазик кој се зборува на целата територија на државата и со тоа да не може да се разбереме меѓусебно.

Обединети за Македонија нема ништо против ниту една етничка група во Република Северна Македонија.

— реклама —

Горди сме што имаме членови од сите етнички заедници, но имаме против поделбите и етничкиот национализам на штета на единството и заедништвото.

Апелирарме на разум и свест од сите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања