Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Љубица Јанчева ја потпиша пристапницата кон ЕНМ 2019

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, ја потпиша пристапницата кон Европската недела на мобилност 2019, со што и официјално започна ЕНМ 2019, која ќе трае 7 дена, од 16 до 22 септември, под мотото „Пешачи со нас“.

— реклама —

  • Поттикнувањето на граѓаните активно да се вклучат во локалниот живот, да ја практикуваат својата одговорност и делотворност кон животната средина, како и создавањето услови кои тоа ќе им го овозможат се нашите цели. Реализирањето на целите на граѓаните не само што ќе им овозможат да ја осознаат својата улога во општеството, туку ќе им донесат и драгоцени полезни последици, зачувување на своето здравје, и поради поздравата животна средина и поради секојдневното движење – пешачењето и возењето велосипед – нагласи Јанчева.

Таа ги повика граѓаните во четврток (19.09) од 18 часот на улицата Димитрија Чуповски, да бидат дел од „Вело фиестата“, да се дружат и да се забавуваат, а да учествуваат и во традиционалното „Велосипедско дефиле“ кое во петок (20.09) ќе почне во 11:30 часот од новиот парк Ибни Пајко, кај објектот на Филхармонијата.

— реклама —

Град Скопје годинава ја реализира ЕНМ 2019 во соработка со Македонски зелен центар, канцеларијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања