Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Љупчо Ѓурчиновски е нов полициски командир на ПС „Центар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

На вчерашната 59-та седница, покрај останатите точки на дневниот ред на Советот на Општина Центар беше и изборот на нов командир на Полициската станица од општа надлежност „Центар“.

— реклама —

Советниците имаа можност да бираат помеѓу три кандидати, предложени од Министерството за внатрешни работи, од кои како најдобар кандидат беше избран Љупчо Ѓурчиновски, дипломец на Факултетот за безбедност и полицаец со стаж повеќе од 21 година.

Ѓурчиновски доаѓа на местото на досегашниот командир на ПС „Центар“, Милисав Милијевиќ, долгогодишен полициски службеник и последен командир на полициската станица во Центар.

— реклама —

За командир на Полициска станица од општа надлежност согласно членот 24 од Законот за полиција, може да биде избрано лице кое покрај општите услови за засновање на работен однос во Полицијата предвидени со овој закон, треба да има завршено соодветно високо образование и да има работно искуство во Полиција од најмалку 6 години.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на новиот командир на ПС „Центар“, Љупчо Ѓурчиновски, му посакува успех во работењето и продолжување на досегашната успешна и плодна соработка помеѓу Полицијата и општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања