Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Љутков: Струшките вечери на поезијата се најголем промотор на македонската и на современата светска поезија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
IMG_6216

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, синоќа на свеченото отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ истакна дека оваа престижна манифестација, благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија.

„Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија“, рече министерот Љутков, нагласувајќи дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светската културна јавност.

„Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме“, истакна министерот за култура и туризам во своето обраќање пред присутните.

— реклама —

Изразувајќи задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на Златниот венец на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, министерот Љутков потенцира дека за нас е голема чест што тој е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот.

„Над шест децении познатата песна ’Т'га за југ‘ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации“, рече Љутков, кој посака многу успешни изданија на меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“ и најави дека Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности.

— реклама —

„Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор“, нагласи министерот Љутков.

— реклама —

Во рамките на церемонијата на свеченото отворање, во големата сала на Центарот за култура во Струга настапи нашиот познат пијанист Дино Имери, а истакнатиот поет Веле Смилевски прочита поетска порака. На традиционалното поетско читање „Меридијани“ свои стихови прочитаа: добитникот на Златниот венец, истакнатиот француски поет и драматург Жан-Пјер Симеон; добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевна теоретичарка Катица Ќулавкова; добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, и други странски и домашни поети.

Мотото на годинашниот фестивал е „Допир на убавината“, со кое, меѓу другото, се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите, преку тактилноста и релјефноста на Брајовото писмо, преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

struski-veceri

Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ ќе се одржат 61 Струшки вечери на поезијата

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања